За 24 часа издадени 618 потврди за признавање право на азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.091, потоа Авганистан-1.077, Ирак-707, Пакистан-458, Сомалија-356,Палестина-331, Конго-248, Камерун-100, додека останатите се во помал број...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на 618 странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19 јуни до 14 јули издадени се потврди на вкупно 12.793 странски државјани, од кои 9.761 се од машки пол, 1.623 се од женски, 1.317 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 92 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.091, потоа Авганистан-1.077, Ирак-707, Пакистан-458, Сомалија-356,Палестина-331, Конго-248, Камерун-100, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.
