Исплатени 14 милиони денари за штетите од поплавите во Босилово
14.07.2015 12:39
Досега пари за отштета од поплавите им се исплатени на домаќинствата и земјоделците од Могила, Новаци и Демир Хисар...

Владата продолжи со надоместување на штетите од јануарските и февруарските поплави годинава. Денеска на 250 земјоделци од Босилово им се исплатени 14 милиони денари отштета.
Досега пари за отштета од поплавите им се исплатени на домаќинствата и земјоделците од Могила, Новаци и Демир Хисар.
Владата донесе мерка за стопроцентно обесштетување на земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и февруари годинава. Исто така, преземени се и мерки за обнова на оштетената инфраструктура, патиштата, водоводните системи, малите брани итн.
