Акциска контрола во ноќен бар во Тетовско, затекнати 10 странски државјанки
Полицијата ги фатила на дело како работат незаконски во угостителски објект. 9 од нив биле србинки, а една албанка...

10 странски државјанки и три македонки, полицијата ги фатила на дело како работат незаконски во угостителски објект. 9 од нив биле србинки, а една албанка.
Полицијата вршела акциска контрола во ноќениот бар „Енерџи Клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-Сарачино, сопственост 33 годишен тетовец.
Тој заедно со уште едно лице од Прешево биле затекнати во угоститерлскиот објект и полицијата ги привела.
На седум странски државјанки им биле изречени прекршочни пријави.
Тетовскиот основен суд им одредил парична глоба и мерка „Забрана за влез во РМ“ во времетраење од 1 година.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот и на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде изречена соодветна пријава, додека лицето од Прешево заработило кривична.
Се сомничи за сторено дело „помагање за илегално преминување на државната граница“ на две странски државјанки.
