Продолжува да важи правото на регрес за годишен одмор

14.07.2015 12:59

Социјалните партнери, по двомесечни преговори договорија да продолжи да важи правото на регрес за годишен одмор, популарниот К-15, во висина од најмалку 40% од просечната месечна нето – плата...

Работниците и работодавачите си подадоа рака – општиот колективен договор за приватниот сектор останува на сила уште две години. Социјалните партнери, по двомесечни преговори договорија да продолжи да важи правото на регрес за годишен одмор, популарниот К-15, во висина од најмалку 40% од просечната месечна нето – плата.

Ова право ќе го имаат сите работници во приватниот сектор, а како исклучок е предвидено, кај оние компании кои  имаат финансиски проблеми, да се исплати и помал износ, но за тоа ќе биде потребна согласност од  репрезентативната синдикална организација во фирмата или претставници на работниците, а во консултација со синдикатот на ниво на гранка или оддел.

Ова се прави за работодавачот да не биде доведен во позиција да отпушта работници– објаснуваат од Синдикатот и работодавачите.