Разговорите меѓу СПЦ и МПЦ најрано наесен

14.07.2015 13:04

На нивниот тек ќе влијае повлекувањето на тужбите пред македонските судови против 18 владици, монаси и верници на Православната охридска архиепископија...

Разговорите меѓу Српската патријаршија и Македонската Православна Црква– Охридска архиепископија, би можеле да почнат најрано на есен. На нивниот тек ќе влијае повлекувањето на тужбите пред македонските судови против 18 владици, монаси и верници на Православната охридска архиепископија.

Додека тоа не се случи, не може да се очекува никаков позитивен резултат на преговорите. Ова, како што пишува „Вечерње новости“, е ставот на синодот на СПЦ за продолжувањето на дијалогот со МПЦ.

Клучен услов за преговорите, според Српската патријаршија, покрај повлекувањето на овие тужби, е и позитивното решение на процесот против Јован Вранишковски.

Прекинот на неговото судско гонење, за српските владици би бил јасен знак дека и во Скопје постои волја да се постигне компромис меѓу двете цркви.