Постигнат договор за иранската нуклеарна програма
Постигнат е историскиот догвор за за ограничување и запирање на нуклеарната програма во воени цели. Европски дипломат оценува дека Европската унија ќе ги замрзне санкциите против Иран до крајот на годината и ќе биде донесена одлука за нивно целосно укинување...

Во австриската престолнина, виенски мировен валцер за Иран и шесте светски сили кои конечно постигнаа историски договор за ограничување и запирање на нуклеарната програма во воени цели.
Во замена, на Техеран му се укинуваат долгогодишните економски санкции. Европски дипломат оценува дека Европската унија ќе ги замрзне санкциите против Иран до крајот на годината и ќе биде донесена одлука за нивно целосно укинување.
Според првичните информации, доколку Иран го прекрши договорот, санкциите можат да бидат вратени во рок од 65 дена. Тешката и макотрпна работа даде резултати, ние постигнавме договор, изјави ирански дипломат.
Според потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини договорот е знак на надеж за целиот свет. Тоа е одлука која може да го отвори патот за ново поглавје во меѓународните односи, дополнува таа.
Според драфтот на спогодбата, инспекторите од Обединетите Нации ќе имаат пристап до сите сомнителни локации, вклучувајќи ги и војни објекти.
Во меѓувреме, Израел се обидува да го блокира договорот, оценувајќи дека иранските претставници во повеќе наврати се закануваа со уништување на израелската држава, сеуште непризната од Техеран. Израелскиот премиер Нетанјаху нуклеарниот договор го посочи како „лоша грешка со историски размери“, додека министерка за култура, Мири Регев смета дека на овој начин Иран добил дозвола за убивање и дека договорот е лош за слободниот свет и за човештвото.
Јас и понатаму ќе се борам и ќе агитирам против него, изјави Регев.
Конечната согласност меѓу двете страни беше постигната по речиси 9 години преговори меѓу Иран и претставниците на големите сили- САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина и Германија.
Во случај не непочитување на одредбите, Иран се согласил на враќање на санкциите во рок од 65 дена, додека ембаргото на Обединетите Нации на оружје ќе важи и во наредните 8 години.
Марија Петковска
