Мој пратеник: Тачи и Ахмети со најмногу оправдани отсуства

14.07.2015 13:34

Лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи имаат најмногу оправдани отсуства од пленарните седници, дури 52. Следуваат интегративците Хазби Лика и Ермира Мехмети со 49, односно 38...

Во Собранието презентирана публикацијата „Мој пратеник“ за периодот јануари-јуни 2015-та. Лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи имаат најмногу оправдани отсуства од пленарните седници, дури 52. Следуваат интегративците Хазби Лика и Ермира Мехмети со 49, односно 38.

Листата на најредовните е подолга. Ја отвора собранискиот спикер Вељаноски, а зад него се Андон Чибишев, Светлана Јакимовска, Силвана Бонева и Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ и Роза Топузова-Каревска од ЛДП. Каревска со 52 дискусии и 71 реплика или контрареплика е прва на листата собраниски оратори.

Како што стои во информаторот, пратениците во оставка од СДСМ и коалициските партнери, но и лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи немаат ниту една дискусија. Листата со најмногу поставени пратенички прашања ја предводи независната Солза Грчева.

Најмногу закони предложил координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски- 12, а со 9 зад него е Талат Џафери од ДУИ.