Дурон: Опозицијата да се врати во Собранието
Опозицијата да се врати во Собранието за да има политичка дебата,порача францускиот пратеник Дурон по средбата со македонските пратеници, на која беа истакнати заложбите на државата за членство во ЕУ и НАТО...

Опозицијата да се врати во Собранието, бидејќи само на тој начин може да се води политичката дебата, порача францускиот пратеник Филип Дурон на средбата со македонските пратеници. Тој рече дека само на тој начин може да се постигне напредок за да се врати Собранието во нормала.
Добрите пријателски односи со Франција уште еднаш беа потврдени на средбата на која меѓу другото е истакната и заложбата на Република Македонија за членство во меѓународните организации како ЕУ и НАТО.
Европа се соочува со наплив на мигранти, а измените во законот за азил што неодамна го усвои македонското собрание се добра рамка за третирање на проблемот, оцени Дурон по средбата.
Посетата на Делегацијата на француското собрание се совпаѓа со одбележувањето на Денот на Бастиља, кој е национален празник на француската република.
Анита Димитријевска
