Грција: Трка за поддршка за третиот пакет помош

14.07.2015 15:21

До крајот на утрешниот ден, мора да се изгласаат четири важни реформи...

Никос Хунитас е првиот министер во владата на Алексис Ципрас, кој поднесе оставка. Тој беше ротационен министер за европски прашања, како и пратеник на Сириза. На негово место доаѓа новинарот Јоргос Куритис.

Очигледно најтешката битка на Ципрас допрва почнува, во обид да ја освои поддршката на коалициските партнери за третиот спасителски предлог од лидерите на еврозоната.

До крајот на утрешниот ден, мора да се изгласаат четири важни реформи, вклучувајќи ги ДДВ-то и пензискиот систем. Се очекува да му се спротивстават 30-тина пратеници од Сириза, предводени од министерот за енергетика Лафазанис, но да добие помош од пратениците од опозицијата.