Комисијата за надзор на УБК и на АР бара проверка и извештај во најбрз рок

14.07.2015 16:23

Членовите на комисијата за надзор над работата на УБК, и Агенцијата за разузнавање, во најкраток рок да ја посетат управата и да го добијат извештајот за нејзината работа за мината година. Членовите од ДУИ и партеничката Роза Топузова-Каровска, пред заклучоците ја напуштија седница бидејќи имало членови што немаат безбедносен сертификат. Случајот се политизира за ситни партиски поени, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ...

Пратеникот е претставник на граѓаните и по автоматизам треба да има безбедносен сертификат, смета Зулфи Адили од ДУИ, кој како што рече една година не добил одговор од надлежните институции, зошто го нема документот. Побара и измени во законската регулатива за Агенцијата за класифицирани информации.

Роза Топузова-Каревска се согласува дека пратеник мора да добие безбедносен сертификат за да не се кочи работата на Комисијата. Вели, УБК не може да биде над законот.

Откако не добија поддршка од мнозинството,членовите од ДУИ и пратеничката Каревска ја напуштија седницата. Ова е доказ дека случајот се политизира, за да се добијат партиски поени, реагираше Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Се согласува дека мора да има образложение зошто не е даден сертификатот, но пратениците не може да бидат над граѓаните.

Милошоски информираше и за минатонеделната посета на безбедносните служби, при што членовите на Комисијата добиле важни информации од областа на безбедноста во земјава и во регионот. Поради поефикасен надзор врз УБК и Агенцијата за разузнавање потребни се и навремени извештаи за нивната работа, заклучи Комисијата.

 

Милчо Велески