Со воена парада Франција го одбележа националниот ден на републиката

14.07.2015 16:57

На денешниот национален празник 14-ти јули, Франција, им оддаде почит на сите воени и полициски сили ангажирани во борбата против тероризмот. Одбележувањето започна со парада на француските сили...

Симбол на "пост-Шарли" парадата започна со дефилирањето на полициските елитни единици, кои за прв пат учествуваа на 14 јулска парада на Елисејските полиња. Некои од нив учествувале во директните судири со терористите ова зима.

Потоа следуваа припадниците на армијата од операцијата „Сантинел“ (Стража) кои работат на заштита на француската територија, која мобилизира 7.000 војници. Потоа Француските сили распоредени во Сахел (операцијата Баркане) со 3000 војници и борбените авиони Рафал и Мираж кои се стационирани во Јордан и Обединетите Арапски Емирати (операцијата Шамал), тие исто така, се вклучени во борбата против тероризмот, против Исламската држава во Ирак.

Францускиот претседател Франсоа Оланд за време на традиционалното 14 јулско интервју оцени дека „Грција не беше понижена“ со договорот постигнат во Брисел.

Понатаму, тој оцени дека во грчката криза дека Париз „победи“, наспроти Берлин.

„Ние треба да бидеме посилни и во Франција но и со нашите европски пријатели, ние имаме потреба од економска влада, буџет за еврозоната и повеќе демократрија, еден вид парламент на нациите од еврозоната“, изјави претседателот Оланд.

Денешното празнување во Франција беше одбележено со сериозен инцидент во рафинеријата во мирување на американската компанија Лиондел Басел Бере во близината на Марсеј, каде експлодираа два резервоари со гориво. Пожарот беше изгаснат, но самиот факт што двата резервоари се наоѓале на оддалеченост од 500 метри, истражните органи се сомневаат дека станува за криминално дело.

Овај инцидент се случи неколку денови, откако од воени магацини на југот од Франција беше украден воен експлозив и детонатори, што доволно зборува за изјавата на премиерот Мануел Валс, според кој „терористичката закана никогаш, не била толку многу тешка, премногу тешка, како од надвор како и од внатре“.

 

Тони Гламчевски