Одбојка:Европска лига

Македонија во Евролигата, на стартот против Австрија

16.01.2014 14:02

Нашата одбојка влегува во ново, многу поттикнувачко поглавје. Македонската репрезентација  стана дел од Европската одбојкарска лига. Денеска во седиштето на ЦЕВ  со извлекување ждрепка, во две групи беа поделени 10-те  репрезентации кои во текот на 2014 година кои ќе го играат  престижното натпреварување.Македонија  влезе во одбојкарски исклучително привлечно друштво на Турција, Словенија, Австрија и Данска. Фаворитската улога во групата ќе ја имаат Данците, Турците и Словенците, три селекции кои беа на завршниот дел од Европското првенство во 2013 година.

Нашата одбојка влегува во ново, многу поттикнувачко поглавје. Македонската репрезентација  стана дел од Европската одбојкарска лига. Денеска во седиштето на ЦЕВ  со извлекување ждрепка, во две групи беа поделени 10-те  репрезентации кои во текот на 2014 година кои ќе го играат  престижното натпреварување.Македонија  влезе во одбојкарски исклучително привлечно друштво на Турција, Словенија, Австрија и Данска. Фаворитската улога во групата ќе ја имаат Данците, Турците и Словенците, три селекции кои беа на завршниот дел од Европското првенство во 2013 година. Во втората група се репрезентациите на Полска, Грција, Црна Гора, Романија и Азербејџан.Според волјата на ждрепката Македонија во првите два меча од Евро-лигата ќе и гостува на Австрија во терминот од 6-8 јуни.

Сите натпревари од Европската лига ќе бидат на програмата на Македонската телевизија.