Вардарци ветија и исполнија добар резултат во Никозија

14.07.2015 23:08

Тројниот учесник во групната фаза од Л Ш послесвиве 5 години наиде на расположен ривал, кој во најголем дел од мечот ги неутрализира нивните брзи играчи. Вардарци почнаа цврсто и без респект...

Вардар ја оствари првичната цел, остана непоразен на гостувањето против кипарскиот шампион Апоел на жешкиот терен на ГПС арената. Тројниот учесник во групната фаза од Л Ш послесвиве 5 години наиде на расположен ривал, кој во најголем дел од мечот ги неутрализира нивните брзи играчи. Вардарци почнаа цврсто и без респект, што резултира со две можности да го изненадат домаќинот. Во 7 минута по центаршутот на Фелипе, малку недостасуваше Велкоски и Грнчаров да поентираат со глава. Првата шанса на спротивната страна ја имаше Сотириу, само како загревање за Пачовски. Во 12 минута го бележиме и обидот на Ивановски, како и одличната игра во поле во наредните половина час кога Вардарци не дозволија никаква опасност пред својот гол. Но моментот кога во  воздушниот старт Ивановски го повреди Карлао како да ги разбуди домашните, па следуваше бурна завршница на полувремето, четири корнери и две големи шанси за Апоел. Најпрвин во 42 мин по центаршутот на ДЕ Винсенти Леал упати вистински проектил, кој сите освен бравурозниот Пачовски веќе го видоа во мрежата. По само неколку секунди нова реакција на вардаровиот голман, одново по обидот на Леал.

Одморот подобро им годеше на Вардарци, но Апоел продолжи со иницијатива ...во 54 мин индиспонираниот Леал ја пропшушти и третата шанса, за него најзрелата затоа што од 16 метри го промаши голот ...идеална можност имаше и Де Винсенти во 63 минута но и тој се увери во квалитетите на вардаровиот голман по што Сотириу биеше покрај голот ...во 66 очајнички се обиде Леал, а во 71 ударот на Ефрем беше блокиран од Мијушковиќ ...до крајот кипарскиот шампион играше без идеја, за разлика од македонскиот кој тактички ја умртви противничката игра, но и ги смири темпераментните домашни навивачи.

Црвено врните ветија и исполнија, одиграа машки, борбено и пожртвувано и што е најважно се изборија за посакуван резултат со фаворизираниот противник. Играа и против непријатната традиција во Никозија која ја имаат македонските клубови, што е уште еден добар предвесник за реваншот. Вардар е само 6 екипа која останала непоразена во оваа фаза од елиминациите во последните 25 години како гостин на Апоел, а резултатот од 0:0 сигурно ќе биде вистниски магнет за исполнување на трибините на Филип 2 арената, во реваншот на 21 јули кога треба да се валоризира успешниот настап во Никозија.