Група конгресмени со повик до Џон Кери за членство на Македонија во НАТО
Републиканецот Бил Паскрел како лидер на надпартиската делегација во Конгресот, испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери со барање Македонија да се прими во НАТО...

Американскиот конгресмен, Републиканец од Њу Џерси, Бил Паскрел како лидер на надпартиската делегација во Конгресот, испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери со барање Македонија да се прими во НАТО.
„Имајќи ги во предвид актуелните чуствителни прашања кај сојузникот Македонија, ве повикуваме активно да се заложите за членството на Македонија во НАТО. Сега е време да се дејствува пред да стане предоцна. 24 години откако Македонија стана независна се истакна како силен сојузник на САД и НАТО“, пишуваат конгресмените предводени од конгресменот Бил Паскрел во писмото до Џон Кери.
„Во 2008-та Македонија ги исполни потребните реформи, за да се приклучи на НАТО. Но, Македонија се уште не е поканета во НАТО и покрај широкото одобрување од сите освен една земја членка на алијансата. Со учеството во мисиите на НАТО на Косово и во Авганистан, и мисијата предводена од САД во Ирак, Македонија се докажа како сојузник на Соединетите Американски Држави“, се наведува во писмото потпишано од 16 американски конгресмени до државниот секретар Џон Кери.
