Објавена снимка од бегството на Ел Чапо
15.07.2015 11:20
Ел Чапо Гузман побегна низ професионален тунел директно од келијата во затворот Алтиплано, додека носел бразлетната за следење и бил под 24-часовен надзор...

Мексиканските власти ја објавија снимката од безбедносната камера направена моменти пред бегството на најбараниот нарко бос. На неа се гледа како чекори низ келијата пред да се упати кон тушот и да исчезне.
Ел Чапо Гузман побегна низ професионален тунел директно од келијата во затворот Алтиплано, додека носел бразлетната за следење и бил под 24-часовен надзор.
Неговото прво бегство од затвор со максимално обезбедување било во 2001, пред да биде повторно уапсен лани.
