Јемен: 142 цивили убиени во последните 10 дена
15.07.2015 11:47
Коалициските воздушни напади и копнените борби продолжуваат и покрај примирјето што го издејствуваа Обединетите нации...

Најмалку 142 цивили се убиени во последните 10 денови во Јемен, со што бројот на цивилни жртви за три месеци се искачи на 1.670. Коалициските воздушни напади и копнените борби продолжуваат и покрај примирјето што го издејствуваа Обединетите нации.
Освен со борбите, Јемен се соочува и со бегалска ктиза – 10 ипол илјади луѓе пристигнале со бродови, со што нивниот број достигна 37 илјади. Станува збор за мигранти од Етиопија и од Сомалија кои криумчарите ги излажале дека судирите се завршени.
