Фудбал

Првиот чекор направен, победничкиот во Скопје

15.07.2015 12:24

Гледаме колку малку само треба овој наш маргинализиран фудбал да стане топ-тема, кога и нерешените резултати се слатки за јавноста. Можеби и затоа што и тие станаа реткост на гостувањата во европските купови...

Вардар радосно се враќа од Никозија. Остана непоразен, не прими гол! Ехо од срцето на Егејот, кое од синиќа поприма и доза на еуфоричност. Гледаме колку малку само треба овој наш маргинализиран фудбал да стане топ-тема, кога и нерешените резултати се слатки за јавноста. Можеби и затоа што и тие станаа реткост на гостувањата во европските купови!

Вардар остана на нозе на тревникот на ГСП стадионот.Имаше неколку ситуации кога на одбраната и попуштаа колената, но секогаш на време се појавуваше спасоносниот вардаров „Бетмен“, Томе Пачовски.Како настапи  македонскиот првак во Никозија?Резултатски успешно,тактички и играчки предвидливо и очекувано!Со други зборови, примерено за тим со скромно искуство на бескомпромисниот европски полигон, на кој единствената и приоритетна цел е резултатот.Па половина  од „вардарците“првпат зачекорија на него. Сергеј Александрович Андреев, кој исто така не е премногу опитен со ваквите натпревари,постави игра со двајца напаѓачи,не беше уверлив во своите напаѓачки намери, па во најголемиот број од 90-те минути се молеше да не прими гол!Му успеа! Заслужува и признание, на  теренот испрати играчи подготвени да ја понесат тежината на моментот.Да не подлегнат пред надмоќноста на Апоел, напритисоците од трибините и провокациите од неспортски карактер од трибините!Вардар изгледаше тимски, а последната одбранбена линија се соочи со најголемите искушенија.Издржа комбинацијата на прекалените дефанзивци Грнчаров, Попов, Хамбарсумјан и новите, млади сили Велковски и Мијушковиќ.На чело со извонредниот Пачовски.

Е сега следува потешкиот дел од работата! Како, во Скопје да се заврши започнатото во Никозија? Како овие 0:0 да бидат успешно продолжение на исцрпувачката партија против искусниот во вакви ситуации противник Апоел, со победнички крај за Вардар?Несомнено, дека Вардар и фудбалот во наредната седмица тука дома,ќе бидат  составен дел од овие летни горештини! Вардар е посебност во нашево живеење,наша  спортска слабост...и на 21 јули, Градскиот парк во Скопје ќе биде главниот собирен центар! Врз играчите и клупскотоп раководство е тешкотобреме да се подготват за битката и да ги реализираат надежите и желбите.Апоел, можеби  и не изгледаше толку моќно синоќа во Никозија, но  останува опасен опонент со епитети, деновиве толку често апострофирани.

Како и да е Вардар има голема шанса веројатно  и капацитет, судбината на овој двобој да ја земе во свои раце!