Амбасадорот Бејли го поздрави вчерашниот договор

15.07.2015 13:56

Американскиот амбасадор изјави дека Македонија треба да продолжи по патот на реформите и евроинтеграциите. Останува безрезервната поддршка на САД...

Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, поздравувајќи го вчерашниот договор за надминување на политичката криза, изјави дека Македонија треба да продолжи по патот на реформите и евроинтеграциите. Останува безрезервната поддршка на САД.

„Македонија победи. Сакам да ги пофалам лидерите што постигнаа договор синоќа и ги ставија граѓаните пред политичките интереси на партиите. Самиот договор ќе значи многу работа и исполнувањето  на одредбите од тој договор ќе значи дека Македонија силно ќе се придвижи кон НАТО и ЕУ“, изјави Бејли по предавањето на донацијата од САД за македонското МВР.