Спасов: Над 3.500 лица вработени преку проектот „Македонија вработува“
Спасов при денешната посета на Штип, nајави целосна реконструкција на Центарот за социјални работи, како дел од проектот за обнова на регионалните центри во државава...

Преку проектот „Македонија вработува“ досега работа добиле над 3 илјади и 500 граѓани, информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при денешната посета на Штип. Најави целосна реконструкција на Центарот за социјални работи, како дел од проектот за обнова на регионалните центри во државава.
„Средства обезбедивме преку Светска банка и веќе денеска започнуваме со градежните активности и очекуваме до почетокот на септември овој објект да добие сосема нов, друг модерен изглед, со нова опрема, и подобра функција“, изјави министерот Спасов.
Реконструкцијата на штипскиот Центар за социјални работи е дел од втората фаза на Министерството за труд и социјална политика, а во постaпка се уште неколку објекти низ земјaва.
