Премиера на документарен филм за Вања Лазарова

15.07.2015 16:01

Творечкиот и креативен пат и сите награди и успеси се документирани во филмот за Вања Лазарова. „Овој документарен филм ќе остане трајна вредност за поколенијата“ - рече министерката Канческа- Милевска...

Лирско патување низ нејзиниот живот преку нејзината песна. Ова е отсликано во документарниот филм за жената која пееше во Карнеги Хол во Лондон, пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Растрепери гласот на познатата певица Вања Лазарова, за дадената чест.

„Ова доживување ми е најдраго и најмило“, нагласи певицата Вања Лазарова.

Творечкиот и креативен пат и сите награди и успеси се документирани во филмот за Вања Лазарова. „Овој документарен филм ќе остане трајна вредност за поколенијата“ - рече министерката Канческа- Милевска.

„Со Вања соработуваме повеќе од 10 години, издадовме многу албуми, патувавме на многу дестинации, организирајќи ги нејзините концерти“- рече Иво Јанковски.

Вања Лазарова има испеано стотина македонски народни песни снимени во продукција на МРТ. Има работено во операта при МНТ, била член во Ансамблот на народни игри и песни „Танец“ и настапила на голем број концерти низ светот.

За музиката во филмот „Пред Дождот“ на која соработуваше со групата „Анастасија“ во 1994-та година освои „Златен Лав“.

 

Александра Перевска