Голем потенцијал на домашниот ИКТ сектор

15.07.2015 16:21

Домашниот информатичко – комуникациски сектор има голем потенцијал. Се зголемува и бројот на странски компании кои инвестираат во овој сегмент во земјава. Со тоа се овозможува отворање нови работни места и зголемено учество во креирањето на БДП на Македонија...

Отворање нови работни места, поголем раст на македонската економија. Стратешки ќе се развива информатичкиот сектор, документот е изготвен. Ги содржи и препораките на бизнис заедницата и на експертите. Aнализите говорат- Mакедонија има потенцијал во информатичко комуникациските технологии, странските инвеститори се заинтересирани да вложуваат. Во 2013-та секторот придонесол со 450 милиони евра, за три години со над 138 насто вработувања.

Од вкупниот извоз во 2013-та, 120 милиони евра, најголем дел е развој на софтвер и на услуги. Дури 95 проценти од колачот за извозно- ориентираните информатички технологии се однесуваа на услуги“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Во ИКТ секторот се вработени околу 16.000 луѓе и тоа е 2,4 насто од вкупниот број вработени во земјава. Стратегија се очекува да искреира нови работни места.

„Неоспорен факт е дека развиеното ИКТ општество е општество кое допринесува во развиените земји многукратно“, вели Саша Огненовски – ИТК комора.

„ИКТ секторот на европско ниво учествува дури со 5% во градењето на БДП на годишно ниво, а исто така со 20% во растот на БДП на европско ниво“, изјави Софче Јовановска, советник за ИКТ во Стопанска комора.

Приориет на владата останува инвестирањето во студентите и идните генерации реформите во насока- дипломираните студенти директно да се влучат во развојните процеси на ИКТ бизнисот.

 

Викторија Милевска