Кошарка – НБА

Чуда во Вашингтон и Лос Анџелес, драма во Орландо

16.01.2014 14:12

Од 12-те ноќешни НБА натпревари, четири се издвојуваат по невообичаените настани на паркетите во Вашингтон, Лос Анџелес, Орландо и Портланд. Шампионот Мајами е во црна серија од три порази откако загуби на гостувањето кај Вашингтон со 114:97.  „Визардс“ славеа благодарение на неверојатната прва четвртина којашто ја добија со 43:18, а во текот на првото полувреме имаа позитива и од 34 поени. Меѓу седумтемина домашни кошаркари со двоцифрен ефект, играч на мечот беше Џон Воли со 25 поени, но централна фигура на натпреварот беше Грег Олден.

Од 12-те ноќешни НБА натпревари, четири се издвојуваат по невообичаените настани на паркетите во Вашингтон, Лос Анџелес, Орландо и Портланд. Шампионот Мајами е во црна серија од три порази откако загуби на гостувањето кај Вашингтон со 114:97.  „Визардс“ славеа благодарение на неверојатната прва четвртина којашто ја добија со 43:18, а во текот на првото полувреме имаа позитива и од 34 поени. Меѓу седумтемина домашни кошаркари со двоцифрен ефект, играч на мечот беше Џон Воли со 25 поени, но централна фигура на натпреварот беше Грег Олден. 25 – годишниот центар на Мајами го одигра првиот натпревар по пауза од четири години предизвикана од серијата операции на двете колена. За осум минути Олден постигна шест поени.

Несекојдневен пресврт се случи во Лос Анџелес. На пет минути пред крајот Далас водеше со 17 разлика, но сепак победија „Клиперс“ благодарение на серијата од 23:4. Џ.Џ. Рединг го одигра својот најдобар натпревар за екипата од „Стејплс центар“ постигнувајќи 33 поени.

На Флорида беа потребни три продолженија за триумф на Чикаго против Орландо со 128:125. Со 26 поени, 19 скока и 6 асистенции најзаслужен за победата на гостите коишто  анулираа негатива од 15 поени, беше Јоаким Ноа.

Клучен за победата на Портланд дома против Кливленд со 108:96 беше ЛаМаркус Олдриџ и неговите десет поени во низа во псоледните три минути при 96:96. Најдобриот играч на „Трејблејзерс“ реализираше 32 поена и 18 скока.

Промовирајќи ја НБА, Атланта на Перо Антиќ и Бруклин ќе играат вечер во 21 часот во Лондон.

Резултати:

Вашингтон – Мајами            114:97

Клиперс – Далас                   129:127

Орландо – Чикаго                 125:128

Портланд – Кливленд          108:96

Филаделфија – Шарлот        95:92

Бостон – Торонто                  88:83

Милвоки – Мемфис              77:82

Минесота – Сакраменто       108:111

Њу Орлеанс – Хјустон         100:103

Сан Антонио – Јута              109:105

Феникс – Лејкерс                  121:114

Голден Стејт – Денвер         116:123