Се гради новата фабрика на КСС во Кичево

15.07.2015 17:10

Се гради производствен капацитет од 10.000 квадрати во кичевската економска зона. Менаџментот најави 1.000 вработувања, а до крајот на годинава - триста работни места...

20 милиони долари  е проектираната инвестиција на  американскиот гигант „Ки Сејфти Системс“ (ККС) во Кичево. Се гради производствен капацитет од 10.000 квадрати во кичевската економска зона. Менаџментот најави 1.000 вработувања, а до крајот на годинава - триста работни места.

„После долг временски период, во Кичево донесовме инвеститор кој ќе отоври 1.000 директни работни места за овој регион. Тоа е од големо значење за жителите на Кичево и општо за локалната економија, особено затоа што покрај директните, ќе има и многу индиректни вработувања. Тоа е голем настан за секој кој ќе се вработи во новата фабрика, но и за сите локални компании кои ќе најдат свој интерес за соработка со американскиот гигант Ки Сејфти Системс“, изјави премиерот Никога Груевски.

Оваа американска компанија се занимава со производство на воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника и има 34 фабрики во 12 земји. Во Македонија стартуваше со браунфилд инвестиција во центарот на Кичево, каде моментно работат 72 лица, а се очекува новиот објект да биде готов до крајот на октомври годинава.

Во Кичево ќе се прозиведуваат воздушни перничиња и останати делови за автомобилската индустрија кои ќе се вградуваат во најпознатите светски марки на автомобили.