Климатските промени - опасност за ширење заразни болести кај добитокот
16.07.2015 10:09
Со промена на климата се зголемува и опасноста од ширење заразни болести кај добитокот кој вообичаено ги немало кај нас. Таков е примерот со синиот јазик кој лани направи големи штети во овчарството...

Климатски промени и движење на дивите животни може да влијаат на пренесувањето и појавата на сериозни заразни болести кај добитокот, како што се птичјиот грип, беснилото и чумата кај свињите.
Пример за ваквото влијанието на климатските промени е и појавата на синиот јазик и западно нилската треска.
За заштита на домашните животни од овие болести, ветеринарните служби веќе се подготвуваат согласно меѓународните стандарди и практики.
Методија Трајков
