Кошарка – Евролига

Реал Мадрид ја покорува кошаркарска Европа

16.01.2014 14:14

Кралскиот клуб е во неверојатна серија од 30 победи од почетокот на сезонава. Со три триумфи Реал го продолжи стопроцентниот ефект во Топ 16 фазата во Евролигата совладувајќи го Баерн Минхен со 111:86. Во првиот меѓусебен дуел екипата на Светислав Пешиќ беше рамноправна едно полувреме, но мадриѓани го решија мечот во неверојатниот трет период што го добија со 42:21.

Меѓу шесттемина домашни кошаркари со двоцифрен поентерски ефект, најефикасен беше Руди Фернандез со 24 поени, Серхио Родригез реализираше 17 со 7 асистенции, Никола Миротиќ уфрли 16, Серхио Љуљ 13, Џејси Керол 12 и Фелипе Рејес 11. Кај гостите од Германија најрасположен беше Американецот Малком Дилејни со 22 коша.

Во групата Ф од којашто четири екипи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, Реал има биланс од три победи без пораз. И ЦСКА Москва и Макаби се несовладани во пресрет на третото коло во коешто со по два триумфа ќе гостуваат и тоа Русите в петок кај Партизан, а Израелците денеска кај Жалгирис. Баерн има ефект од 2 победи и пораз, додека по двапати губеа Галатасарај кој вечер ја пречекува последнопласираната Локомотива, како и Партизан и Жалгирис.

И во Е конкуренцијата две екипи се издвоија откако Панатинаикос и Барселона славеа во двете кола. Каталонците вечер гостуваат кај Олимпијакос којшто има ефект 1 -1, додека Панатинаикос в петок ќе му биде домаќин на Ефес кој е се уште на нула. Неочекувано со два пораза стартуваше силниот Фенербахче којшто предводен од Жељко Обрадовиќ утре ќе гостува кај Уникаха (1 – 1). Со по триумф и пораз утре ќе се пресметаат и Армани – Лаборал Куча.