Седници на четири собраниски комисии
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, треба да се изјасни за предлог законот за престанување на важење на законот за лустрација во прво читање, поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Алити и Антонио Милошоски...

Четири собраниски комисии денеска ќе одржат седници. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се корекциите на Законот за данокот на додадена вредност во прво читање, и предлог- среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковите резерви во наредните 5 години.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, треба да се изјасни за предлог законот за престанување на важење на законот за лустрација во прво читање, поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Алити и Антонио Милошоски.
Законодавно-правната комисија ќе дебатира за повеќе точки, меѓу кои и за предлог–измените и дополнувањата на Законите за ДДВ, и за превоз во патниот сообраќај. Комисијата за транспорт врски, и екологија, ќе ги разгледува корекциите во законот за постапување со бесправно изградени објекти, во второ читање.
