Грција: Парламентот ги усвои мерките за штедење
16.07.2015 10:56
По усвојувањето на законот, грчката полција се судри со група насилни демонстранти во центарот на Атина...

Со 229 гласа „ЗА“ грчкиот парламент го поддржа предлог законот за итни мерки за водење преговори и склучување договор со Европскиот стабилизациски механизам. Против гласаа неколку пратеници од владејачката коалиција меѓу кои и доскорешниот министер зафинансии Јанис Варуфакис како и Комунистичката партија и десничарската Златна Зора.
По усвојувањето на законот, грчката полција се судри со група насилни демонстранти во центарот на Атина. Полицијата употребила шок бомби за да ги растерува насилните демонстранти.
Приведени биле над 30 луѓе, а биле оштетени и повеќе објекти и возила, меѓу кои и минибус на еден грчка телевизија.
