Израел го бомбардираше појасот Газа

16.07.2015 11:34

Ниту една од организација во Газа не презеде одговорноста за ракетирањето, но се верува дека зад нападот стојат радикалните исламистички организации...

Израелските воздухопловни сили ја бомбардираа терористичката инфраструктура во појасот Газа рано изутрината откако била истрелана ракета врз Израел од палестинската територија.

Ниту една од организација во Газа не презеде одговорноста за ракетирањето, но се верува дека зад нападот стојат радикалните исламистички организации и дека е последица на противењето на Хамас.

Нема информации за загинати или за материјална штета.