СДСМ: Целосно да се имплементира договорот
16.07.2015 11:50
Во партиското соопштение на СДСМ се вели и дека именувањето специјален јавен обвинител ќе обезбеди независна и целосна истрага...

Создавање на преодна влада без актуелниот премиер што ќе ги организира следните парламентарни избори е клучен чекор за обезбедување на фер и демократски избори. Ова е заклучокот од вчерашниот состанок на Централниот одбор на најголемата опозициска партија, на кој меѓу другото, е договорено целосно да се импементира договорот без можност за негово одлговлекување или злоупотреба.
Во партиското соопштение на СДСМ се вели и дека именувањето специјален јавен обвинител ќе обезбеди независна и целосна истрага на сите, според нив, откриени злоупотреби.
