Воена вежба за спротиставување на закана од ИД

16.07.2015 11:51

Во вежбите што ќе се одржат од 3-ти октомври до 6-ти ноември во Италија, Шпанија и во Португалија ќе учествуваат војници од повеќе од 30 држави меѓу кои и од Шведска и Австрија...

НАТО ќе спроведе големи воени вежби во кои ќе учествуваат околу 36 илјади војници со цел да се спречи заканата на Исламска држава од јужното крило.

Во вежбите што ќе се одржат од 3-ти октомври до 6-ти ноември во Италија, Шпанија и во Португалија ќе учествуваат војници од повеќе од 30 држави меѓу кои и од Шведска и Австрија.

Ова ќе бидат први вакви вежби од 2002 година кога 15 држави членки и 12 партнерски држави учествуваа во проверка на подготвеноста во Норвешка и Полска.