Првични резултати од руската инспекција на македонски оператори со храна
Московскиот стручен тим треба да изврши целосен надзор над 12 наши производни капацитети од млечната и месната индустрија, на кои доколку оцени дека ги задоволуваат бараните стандарди, ќе им овозможи да стекнат дозвола за извоз во Руската Федерација...

Во Агенцијата за храна и ветеринарство денеска се презентираат резултатите од првата инспекциска контрола, којашто ја спроведува стручен тим на Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Россељхознадзор“ над македонски оператори со храна од животинско потекло, кои сакаат да извезуваат на рускиот пазар.
Московскиот стручен тим треба да изврши целосен надзор над 12 наши производни капацитети од млечната и месната индустрија, на кои доколку оцени дека ги задоволуваат бараните стандарди, ќе им овозможи да стекнат дозвола за извоз во Руската Федерација.
Според Македонско- руската стопанска комора, контролата ќе се спроведува во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно Меморандумот за соработка потпишан на 4-ти јуни годинава во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а се очекува да заврши до 23-ти јули.
