ОМД за првпат назначи Директор за Европа

16.01.2014 14:19

Обединетата Македонска Дијаспора го назначи Филип Алтипармаковски, нејзиниот досегашен претставник за Бенелукс, за Директор за Европа.

"Земајќи во предвид дека македонската дијаспора е двапати побројна од населението во Македонија и е еден од главните столбови на македонската економија, Македонците ширум Европа можат да имаат глас во однос на прашањата што ја засегаат татковината преку ОМД.", рекол Алтиппармаковски.

ОМД има претставници во Австрија, Англија, Бенелукс, Германија, Грција, Франција, и Русија, а натаму планира да назначи претставници во Швајцарија и Шведска. Во улогата на Директор за Европа, Алтипармаковски, холандски и македонски државјанин,  ќе ги координира напорите за застапување на Македонците во Европа пред европските институции во Брисел.