Расправа за новиот Закон за лустрација

16.07.2015 11:58

Преиспитувањето на целиот процес на лустрација беше препорачано во последниот извештај на експертскиот тим на Европската Комисија...

Во Комисијата за политички систем расправа по предлогот за нов Закон за лустрација, предложен од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, со кој се предвидува од први септември да престане важноста на сегашното законско решение.

Преиспитувањето на целиот процес на лустрација беше препорачано во последниот извештај на експертскиот тим на Европската Комисија.

Според предлог законот, од 1-ви септември, комисијата за верификација на фактите, нема да има мандат да покренува нови постапки а за оние што се почнати, ќе се завршат според постојната регулатива.

Се бара од Комисијата да го предаде и регистерот на соработниците и целокупната документација на Државниот Архив.