Терористички закани: Спречени пет атентати врз француски воени инсталации
Француските тајни служби спечиле план за атентат, кој имал за цел на најужасен начин да ја погоди француската армија, во предвечерието на националниот празник 14 јули. Овај терористички напад, ако одеше до крај, ќе беше прв од ваков вид. Во овој спречен случај, исламистички командоси кои беа неутрализирани во понеделникот, сакале да ги надминат границите на прифатливото, планирајќи со мини камера да го снимаат обезглавувањето висок француски офицер...

Откриениот план за терористички напад е толку сериозен што тој беше неочекувано обелоденет лично од страна на Франсоа Оланд, на маргините на официјалната посета вчера на Марсеј, каде се наоѓаше заедно со својот мексикански колега, Енрике Пења Нието.
Бернард Казенев, министерот за внатрешни работи, потоа откри дека наводната џихадистичка група беше откриена во понеделникот на 13 јули во раните утрински часови. Таа е составена од четири мажи на возраст од 16 до 23, меѓу кои и поранешен војник реформиран од морнарицата, истовремено уапсени на Северот во Франција, Рона, Буш-ди-Рона и Ивелин. Во текот на притворот во просториите на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) во Левалоа-Пере, тие признале, според нивното сведочење, дека сакале да дејствуваат меѓу декември 2015 и јануари 2016 година.
Нивната намера била да влезат во воена база која ја забележале во јужниот дел на Франција, да го киднапираат командантот пред да го снимат нивниот средновековен чин на обезглавување и да го прошират на социјалните мрежи.
Со операцијата спроведена во понеделникот бројот на уапсени за џихад достигна 326 од 2012 до денес. Меѓу нив 188 се обвинети, а од нив 126 се во затвор. Односно тоа се лица меѓу кои фанатци, кои потенцијално можеа да ја нападна Франција или друга европска држава.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
