Леар почнува со реализација на инвестицијата во полошкиот регион

16.07.2015 12:07

Инвестицијата вредна 15 милиони евра, во зоната во Тетово треба да се комплетира до 2016-та година, а вкупниот број работни места, кога фабриката ќе го достигне својот полн капацитет, ќе изнесува меѓу 1.500 и 2.000, со потенцијал, бројот да се искачи и на 3.000 вработени...

Нова инвестиција во земјава. Ќе биде ставен потпис на договорот со корпорацијата Леар, која е водечки глобален добавувач за автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција. Компанијата ќе отвори фабрика во зоната во Тетово, а објектот првично ќе биде лоциран во Гостивар.

Планирано е да ангажираат 300 работници со познавање за кроење и шиење кожа и ткаенина. Инвестицијата вредна 15 милиони евра, во зоната во Тетово треба да се комплетира до 2016-та година, а вкупниот број работни места, кога фабриката ќе го достигне својот полн капацитет, ќе изнесува меѓу 1.500 и 2.000, со потенцијал, бројот да се искачи и на 3.000 вработени.

Владата работела две години на привлекување на оваа инвестиција, која е рангирана во најмоќните 500, а нејзините производи ги има во речиси секој автомобил.

Оваа корпорација брои вкупно 132 илјади вработени во 34 држави, а седиштето и е во Мичиген, соопштуваат од Кабинетот на министерот Веле Самак.