ОБСЕ го поздравува договорот на политичките лидери во Македонија
ОБСЕ е подготвено да ја понуди својата професионалност. Особено битни ќе бидат предвремените избори во април наредната година, кои треба да ги исполнат меѓународните стандарди...

Претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа во Виена го поздрави договорот на политичките лидери за надминување на политичката криза во Македонија и вети подршка на ОБСЕ за имплементацијата.
„Ова е чекор напред во вистинска насока за државата, кој допринесува за стабилност во регионот во целина. Ова ја потврдува посветеноста на политичките лидери за преземање важни чекори кон јакнење на демократските процеси и изградба на доверба на граѓаните кон институциите“, изјави Дачиќ во соопштението на ОБСЕ.
На комесарот Хан и на неговите партнери треба да им се честита за нивната улога во помошта, изјави Дачиќ.
Ги повикувам сите страни да го применат овој договор во потполност и со доверба. Дополнително ОБСЕ е подготвено да ја понуди својата професионалност. Особено битни ќе бидат предвремените избори во април наредната година, кои треба да ги исполнат меѓународните стандарди, констатираше Дачиќ
Оливер Бранковиќ, дописник за МРТ од Белград
