Македонски државјани опфатени со меѓународната акција за симнување на Даркод
Федералното истражно биро од Вашингтон и Европол ја координираа акцијата во која имаше и приведувања, а во командните штабови во Питсбург и во Хаг имало претставници од Босна, Кипар, Македонија, Данска, Финска, Германија, Латвија, Романија, Србија, Шведска и Обединетото Кралство...

Разбиен е Даркод, најпопуларниот планетарен форум за компјутерски криминал на англиски јазик. Во меѓународната акција во која учествуваше и одделот за сајберкриминал на македонското Министерство за внатрешни работи, полициските службеници го открија и разобличија форумот кој им служеше на хакерите за унапредување на знаењата за користење нови вируси и спамови.
Федералното истражно биро од Вашингтон и Европол ја координираа акцијата во која имаше и приведувања, а во командните штабови во Питсбург и во Хаг имало претставници од Босна, Кипар, Македонија, Данска, Финска, Германија, Латвија, Романија, Србија, Шведска и Обединетото Кралство.
Притоа, низ светот биле приведени 28 лица, а се извршени и 37 претреси во кои се одземени компјутери и друга опрема. Секторот за компјутерски криминал на МВР во Македонија извршил претрес во Скопје и Пробиштип, при што е приведен дваесетипетгодишник од Штип поради изработка на лажна платежна карттичка за што е поднесена кривична пријава.
Осомничениот прибавувал банкарски податоци под странски државјани кои ги продавал на интернет страници на лица од Мексико, Португалија, Русија, Кина, САД при што противправно заработил околу 83 илјади америјкански долари и 73 илјади денари.
Даркод е еден од 5-тте најпопуларни форуми за сајбер криминал во светот наменет за хакирање на информациски мрежи, како и за крадење банкарски и други податоци.
