Tри години затвор за Верушевски
16.07.2015 13:01
По изрекувањето на пресудата Верушевски рече дека ова не е правда и дека судот, како и опозицискиот лидер Зоран Заев, не го признава...

Три години затвор за поранешниот разузнавач Зоран Верушевски. Основниот суд го огласи за виновен, затоа што по заминувањето од МВР не го вратил службениот пиштол со марка Црвена застава со кое бил задолжен од 1982 година.
По изрекувањето на пресудата Верушевски рече дека ова не е правда и дека судот, како и опозицискиот лидер Зоран Заев, не го признава.
Во образложението на судот се вели дека обвинетиот ја добил најниската казна пропишана со законот.
Анита Димитријевска
