Иванов: АРМ ќе помага на полицијата во справување со мигрантите
Ние како држава сочувствуваме со овие луѓе кои биле принудени да ги напуштат домовите, и на секој начин се обидуваме да им помогнеме, додека транзитираат преку нашата територија, порача претседателот на државата...

Армијата на Република Македонија (АРМ) ќе биде ангажирна да и помогне на полицијата во справувањето со бранот мигранти, најави претседателот и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, при посетата на јужната гранична линија на државата.
Ние како држава сочувствуваме со овие луѓе кои биле принудени да ги напуштат домовите, и на секој начин се обидуваме да им помогнеме, додека транзитираат преку нашата територија, порача Иванов. Претседателот потсети дека сите преземени мерки се во согласност со практиката и стандардите на земјите на ЕУ.
Претседателот Иванов се осврна и на постигнатиот политички договор меѓу 4-те партии.
„Го знаете ставот на СДСМ и на ДУИ, но и покрај сето она што ни се случува, повторно упатувам апел до нив дека сега во овие моменти ни е потребна кооперативност и комуникација, кога како држава се соочуваме со сериозни предизвици“, истакна Иванов, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на јужната гранична линија на Македонија.
