Путин и Обама високо ги оценија преговорите за Иран

16.07.2015 13:40

Тие ја нагласиле важноста од двостраниот дијалог за осигурување на безбедноста и стабилноста во светот...

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама во телефонски разговор нагласиле дека сеопфатниот договор за иранската нуклеарна програма им одговара на интересите на целата меѓународна заедница.

Тие ја нагласиле важноста од двостраниот дијалог за осигурување на безбедноста и стабилноста во светот.

Двајцата лидери изразиле желба да продолжи заедничката работа на реализација на договорот за Иран како и спротивставувањето на меѓународниот тероризам.