Куба: Нормални односи со САД по укинување на санкциите

16.07.2015 13:49

Во првото јавно обраќање по повторното воспоставување на дипломатските односи, Кастро истакна дека нормализирањето на односите ќе бара решение на проблемите ...

Кубанскиот претседател, Раул Кастро изјави дека односите на неговата земја со САД не може во целост да се нормализираат се додека на сила се санкциите воведени за Куба.

Во првото јавно обраќање по повторното воспоставување на дипломатските односи, Кастро истакна дека нормализирањето на односите ќе бара решение на проблемите кои што се собирале во повеќе од 5 децении.