Нормализиран сообраќајот на „Илинденска“ пред Владата
16.07.2015 16:01
Како што соопштија од општина Центар, кренати се шаторите во кампот пред Владата...

Булеварот „Илинденска“ повторно е прооден за сообраќај. По два месеца, опозицискиот Камп на слободата се распушти, а камперите си ги спакуваа шаторите. Уште од рано изутринава се чистеше сметот, се собираше покуќнината, се демонтираше бината.
Ваквиот чекор следи откако политичките лидери, со посредство на комесарот Хан и тројката европратеници постигнаа договор за излез од кризата.
Засега е се уште активен „Кампот на демократијата“, пред македонското Собрание.
