НБРМ: Финансискиот сектор е стабилен
Забрзан раст регистрира и капитално – финансираното пензиско осигурување и неговото учество во вкупната актива веќе достигна 7,3 проценти. Осигурителниот сектор е трет најголем сегмент на финансискиот систем...

Финансискиот сектор во земјава е стабилен. Активата на банкарскиот систем достигна 76,1 процент од БДП на земјава, заклучи Советот на Народната банка. Забрзан раст регистрира и капитално – финансираното пензиско осигурување и неговото учество во вкупната актива веќе достигна 7,3 проценти. Осигурителниот сектор е трет најголем сегмент на финансискиот систем.
Вкупната задолженост на корпоративниот сектор се зголемува, но останува позитивната оценка за солвентноста. Задолженоста на претпријатијата е на релативно стабилно ниво. Задолженоста на домаќинствата е на умерено ниво-ова се меѓудругото заклучоците од седницата на Советот на Народната банка на која се разгледуваше извештајот за финансиската стабилност.
