Каракамишева: Дијалогот- алатка на модерната политика
Со разрешувањето на политичката криза, економијата нема да страда, а инвеститорите се заштитени. Ова се некои од експертските анализи по епилогот од маратонските разговори во Пржино. Од политички аспект предлозите на СДСМ за техничка или друг вид влада не минаа со што се запазил изборот на граѓаните, смета универзитетската професорка, Тања Каракамишева...

Со постигнатиот договор Македонија излезе од политичката криза и сега земјата се враќа во нормалниот колосек на демократско функционирање – констатира професорката Тања Каракамишева. Вели дека дијалогот е единствената алатка на модерната политика. Од однесувањето на опозицијата и предизвиканата криза зависеше угледот на земјата, а сите сегменти во општеството трпеа штета.
Една од позначајните придобивки е што не се наруши изборниот легитимитет и вољата на мнозинството граѓани, вели професорката Каракамишева. Таа вели дека предлозите на СДСМ за техничка или друг вид влада паднале во вода со што се запазил изборот на граѓаните. Со договореното, токму владеачката партија ќе предлага премиер. Станува збор за системско решение кое ќе се практикува пред секои избори, а треба да влезе и во уставот- смета професорката.
Како законско решение треба да се гледа и надлежноста на специјалниот обвинител кој го договорија лидерите. Треба да се утврдат неговит мандат и надлежности, вели Каракaмишева и потенцира дека тој во случајов има обврска само за истрага на аудио материјалите кои Заев ги презентираше, но нема надлежност да го преиспитува случајот „Пуч“ и другите процеси кои се започнати против претседателот на Социјал- демократите. Сега, според професорката, треба да се запазат роковите, да профуникционира договореното преку политичка и партиска посветеност.
Миле А. Ристески
