Усвоен ребалансот на Буџетот за 2015 година
16.07.2015 19:05
Буџетот е за 14 проценти повисок од лани, а за 6 проценти се прибрани пари повеќе од планираното...

Владата го усвои ребалансот на буџетот за 2015. Буџетот во првата половина од годинава е во добра кондиција. Буџетските приходи се подобри од очекувањата и подобри од планираните, рече вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.
Буџетот е за 14 проценти повисок од лани, а за 6 проценти се прибрани пари повеќе од планираното.
Според Ставрески, се работи за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде политиките, мерките и проектите тоа го налагаат.
Не се кратат парите кај ниту еден буџетски корисник. Се зголемуваат средствата за капитални инвестиции.
