Идентификуван напаѓачот кој уби четворица маринци во Тенеси

17.07.2015 11:13

Напаѓачот кој уби четворица маринци во регрутниот центар на морнарицата во Чатануга, Тенеси, е идентификуван како Мохамед Јусуф Абдулазиз, 24-годишен државјанин на Кувајт. По нападот бил застрелан од полицијата. Градоначалникот на Чатануга изјави дека има и повредени лица...

Полицијата го идентификуваше 24-годишниот државјанин на Кувајт, Мохамед Јусуф Абдулазил, кој вчера го изврши нападот во регрутниот центар на морнарицата во Чатнуга, Тенеси, при што четворица маринци беа убиени.

Напаѓачот најпрво отворил оган од автоматско оружје од автомобил во движење  врз регрутен центар на армијата, а потоа се упатил кон регрутниот центар во Чатнуга кадешто застрелал четворица невооружени маринци, пред и тој да биде ликвидиран од полицијата.

Ова е тажен ден за нас, четворица маринци го загубија животот, неколкумина повредени се хоспитализирани. Екипите на ФБИ го презедоа случајот, и во скоро време ќе ги дознаеме мотивите за нападот“, изјави Енди Берк, градоначалник на Тенеси.

Се уште не е позато дали Абдулазиз имал и американско државјанство, но се знае дека бил жител на Тенеси и дека на почетокот на годинава полицијата го привела поради возење под дејство на алкохол. Истрагата ја води Федералното биро за истраги, но вклучени се и други федерални агенции. Нападот се какактеризира како акт на „домашен тероризам“. ФБИ соопштија дека се уште е рано да се шпекулира за мотивите за нападот.  

„Ги разгледуваме сите аспекти зошто е извршено ова дело, дали е домашен или меѓународен терористички акт, во моментов можам да кажам дека се работи за кривично дело. Сега сме во прелиминарна фаза на истрага“, изјави Ед Реинхолд – ФБИ.

Американскиот претседател Барак Обама повика на целосна истрага, додека секретарот за одбрана Ештон Картер нападот го оцени како безумен акт на насилство. Инцидентот  предизвика дебата во Америка дали на маринците и останатите воени лица треба да им се дозволи носење на оружје, бидејќи како што ФБИ неколкупати предупреди, тие би можеле да бидат цел на терористички напади.

 

Марија Петковска