Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Верниците со молитви за милост кон сиромашните, блискост и единство и со верба дека го победиле злото и успеале да бидат побожни...

По едномесечниот пост, во кој верниците со Исламска вероисповед се воздржуваа од храна и пијалаци од зора до зајдисонце, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Во џамиите во земјата се служеше утрински Бајрам-Намаз.
Верниците со молитви за милост кон сиромашните, блискост и единство и со верба дека го победиле злото и успеале да бидат побожни.
Рамазан е деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Во пресрет на празникот, синоќа премиерот Груевски придружуван од министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Фуркан Чако присуствуваше на Ифтар вечера.
Поголемиот дел верници од исламска вероисповед Рамазан Бајрам го слават три дена.
