На „Пиво фест“ се очекуваат над 350 илјади гости

17.07.2015 11:42

Градските власти гарантираат максимална безбедност и одлична забава, а на гостите на располагање им се околу 20 илјади паркинг места. На „Пиво фест“ ќе може да се дегустираат над 40 видови пиво, а се очекува и рекорд во изедена скара...

Со концерт на „Слаткаристика“ синоќа во градот под Марковите кули почна најголемата летна атракција во земјава „Пиво фест“. На 4-те фестивалски вечери се очекуваат над 350 илјади гости од земјава и од Балканот.

Градските власти гарантираат максимална безбедност и одлична забава, а на гостите на располагање им се околу 20 илјади паркинг места. На „Пиво фест“ ќе може да се дегустираат над 40 видови пиво, а се очекува и рекорд во изедена скара.

На 20 илјади квадратни метри се поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови.

За да се обезбеди подобра услуга, ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот. За сите кои сакаат да присуствуваат на „Пиво фест“, „Македонски железници“ нуди бесплатен превоз.