Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски, по повод Рамазан Бајрам
Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик и нека ви носи мир во душата, благодет во семејствата и среќа во заедницата. Честитка до верниците од Исламската вероисповед и до претседателот на ИВЗ, реисот Хаџи Сулејман Реџепи од спикерот Трајко Вељаноски...

Големите верски празници секогаш се насочени кон создавање добри дела и верба дека одиме по вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик и нека ви носи мир во душата, благодет во семејствата и среќа во заедницата. Честитка до верниците од Исламската вероисповед и до претседателот на ИВЗ, реисот Хаџи Сулејман Реџепи од спикерот Трајко Вељаноски.
Убеден сум дека во Македонија се почитува верската различност и се негува толеранцијата и меѓусебните односи кои водат кон добри дела и просперитет, стои во честитката на претседателот на Собранието.
