Нова ера во вселенските истражувања
Оваа недела се отвори нова ера во вселенските истражувања. Леталото на американската вселенска агенција- НАСА стигна до орбитата околу планетата Плутон и испрати први фотографии од површината. Во следната деценија НАСА планира мисија на астероид околу Месечината и на Марс. За првпат со мисиите Аполо, астронаути ќе се испратат на мисија на Марс...

Вселенското летало „Нови хоризонти“ на американската вселенска агенција- НАСА стигна до најдалечната планета во нашиот Сончев систем, Плутон. Леталото било лансирано во 2006-та година и поминало 3 милијарди милји до Плутон. По оваа успешна мисија, НАСА можеби ќе ги прошири мисиите на леталото кон подалечните делови од вселена.
„Ова можеби е единствена шанса во мојот живот да испратиме летало кон подалечната вселена“, вели Џон Спенсер- НАСА.
Успешното ансирање на леталото Орион минатиот декември отвори нова ера во вселенските истражувања. НАСА се подготвува да испрати вселенско летало со екипаж на астероид околу Месечината во 2025-та и на планетата Марс во 2030-тите. Марс која е слична по големина и карактеристики како Земјата треба да даде одговори за создавањето на вселената и планетите и одговор на најстарото прашање дали има живот надвор од Земјата.
„Имаме одговорност кон идните генерации. Тоа е нашиот предизвик“, нагласува Чарлс Болден- администратор на НАСА.
Во меѓувреме на Меѓународната вселенска станица се изведуваат тестирања на нови технологии потребни за мисијата на Марс. Летала што користат сончева енергија ќе можат да бидат испраќани подалеку од нашиот сончев систем. НАСА работи и на нов начин на слетувања на поголеми летала на планети со атмосфера.
Две американски приватни компании за вселенски истражувања треба да транспортираат американски астронаути на Меѓународната вселенска станица од 2017-та година.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
